Ekipa
04 Јули 2021•Ажурирај: 05 Јули 2021
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индија регистрира над 43.000 нови случаи на коронавирусот и 955 смртни случаи, соопшти индиското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Се наведува дека вкупниот број на починати од вирусот изнесува 402.005, а бројот на досега заразени достигна 30,5 милиони, вклучувајќи ги и 43.071 нов случаj.
Бројот на активни случаи е намален на 485.350.
„Бројот на оздравени во текот на еден ден и понатаму е поголем од дневниот број на нови случаи, 52-ти ден по ред. Стапката на закрепнување порасна на 97,09 отсто“, се вели во Министерството.
Властите тврдат дека случаите бележат целокупен пад по вториот бран, а во повеќе градови се олабавени рестриктивните мерки.
Според официјалните бројки, во рамките на вакцинацијата во земјата досега аплицирани се над 350 милиони дози вакцини.
Во земјата одобрени се четири вакцини против Ковид-19.