Muhammet Kurşun
02 Декември 2020•Ажурирај: 03 Декември 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 48.990, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјавата за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починале уште 362 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од вирусот во Иран пораснал на 48.990.
Информира дека во земјата се дијагностицирани уште 13.621 случај на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголемил на 989.572.
Според Лари, 5.828 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 688.054 лица.
Таа нагласи дека во Иран досега се направени 6.212.694 тестирања за Ковид-19.