Muhammet Kurşun
25 Септември 2020•Ажурирај: 26 Септември 2020
ТЕХЕРАН
Во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 во Иран починаа 207 лица, односно вкупно 25.222, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа починаа уште 207 лица, а потврдени се и 3.563 случаи на заразување.
Со тоа, појаснува Лари, бројот на починати е зголемен на 25.222, а на заразени, на 439.882.
Меѓу заразените се наоѓаат и 4.023 пациенти со тешка клиничка слика, додека од болеста оздравеа 369.842 лица.
Портпаролката изјави и дека досега на присуство на Ковид-19 се извршени 3.879.640 тестирања.
Според нејзините зборови, 29 од 31 област во земјата се наоѓаат на црвената листа или листа на ризични подрачја.