Serdar Bıtmez,Hacer Başer
25 Септември 2020•Ажурирај: 26 Септември 2020
ДОХА
Министерот за надворешни работи на Катар, Мухамед бин Абдурахман ал Сани, истакна дека неговата земја го поддржува праведното решение на палестинското прашање, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на катарската официјална новинска агенција КНА (QNA), Ал Сани се состана со Џибрил ер Руџуб, генерален секретар на Централниот комитет на движењето Фатах, кој реализира посета на Доха.
Ал Сани нагласи дека на средбата било разговарано за билатералната соработка и односи, како и за прашањата од заемна важност.
Тој рече дека Катар целосно го поддржува реализирањето на палестинското национално усогласување.
Катарскиот министер подвлече дека неговата земја го поддржува праведното решение на палестинското прашање врз основа на меѓународните резолуции, Арапскиот мировен план и дводржавното решение.