Barış Seçkin
03 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
РИМ (АА) - Во Италија во последните 24 часа се регистрирани 71 смртни случаи како последица на Ковид-19, со што вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата во земјата се зголеми на 33.601, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на Италија.
Според соопштението, во земјата моментално има 39.297 активни случаи на коронавирус, со пад за 596 случаи во последното деноноќие.
Во изминатите 24 часа откриени се уште 321 случај на Ковид-19, со што вкупниот број случаи изнесува 233.836.
Денес се излекувани 846 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 160.938 лица.
Меѓу другото, во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 71 лице од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 33.601 лица.
Според соопштението, продолжува да паѓа бројот на пациенти кои се наоѓаат на интензивна нега. Вчера на одделите за интензивна нега се лекуваа 408 пациенти, бројката се намали на 353.
Досега низ целата земја направени се 3.999591 тестирања за Ковид-19.