Muhammet Nazım Taşcı
28 Мај 2020•Ажурирај: 28 Мај 2020
АНКАРА
Во Мексико, во изминатите 24 часа се забележани 463 смртни случаи од последиците на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство, вкупниот број на починати од последиците на заразувањето со Ковид-19 се зголеми на 8.597.
Во текот на изминатиот ден се потврдени 3.463 нови случаи на заразување, со што вкупниот број на заразени достигна 78.023.
Вчера првпат бројот на починати од последиците на Ковид-19 надмина 500.
Првиот случај на заразување со Ковид-19 во Мексико е забележан на 28 февруари, додека првиот смртен исход е регистриран на 19 март.