Qais Omar Darwesh Omar,Wassim Samih Seifeddine,Safiye Karabacak
20 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
ИСТАНБУЛ
Бројот на откриени случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Палестина се искачи на 48, во Тунис на 54, во Кувајт на 159 и во Либан на 163 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меј Кејле, министер за здравство на Палестина, истакна дека бројот на откриени случаи на Ковид-19 во земјата се искачи на 48 лица.
Кејл информира дека 17 пациенти кои биле заразени со коронавирус, се излекувани.
Меѓу другото, Насаф бин Алије од Министерството за здравство на Тунис, на прес-конференција нагласи дека вчера биле тестирани 79 лица, и дека 15 од нив биле позитивни на овој вирус.
Бин Алије рече дека со оваа бројка, вкупната бројка на откриени случаи се искачи на 54 лица.
„Од друга страна, во Кувајт откриени се 11 нови случаи, додека бројката на случаите со коронавирус се искачи на 159“, се вели во писменото соопштение на Министерството за здравство на Кувајт.
Министерството за здравство на Либан соопшти дека уште 14 лица биле заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка се искачи на 163 лица.