Furkan Güldemir,Enes Kanlı
24 Март 2016•Ажурирај: 25 Март 2016
БЕЈРУТ (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, допатува во официјална посета на Либан што е прва станица на неговата турнеја низ Блискиот Исток, јавува Anadolu Agency (AA).
Од ОН е соопштено дека секретарот Бан утринава допатувал во главниот град на Либан, Бејрут и дека во текот на неговата дводневна посета ќе одржи состанок со челникот на либанскиот парламент Набих Бери, со премиерот на земјата, Темам Селам, со министерот за одбрана Семир Мукбил, како и со официјални лица на мисијата на ОН во таа земја (УНИФИЛ).
Заедно со првиот човек на ОН, во Либан допатуваа и директорот на Светската банка, Џим Јонг Ким, и директорот на Исламската развојна банка, Ахмед Мухамед Али ал-Медени.
Главните теми на разговорите на делегациите кои ги предводат Бан Ки-мун и либиските функционери ќе биде претседателската криза која во Либан трае веќе скоро две години, безбедносните проблеми и бегалската криза во Либан, предизвикана од војната во соседна Сирија.
Утре, генералниот секретар на ОН од Либан ќе замине во посета на Јордан, каде што ќе се сретне со кралот Абдула и ќе го посети еден од тамошните најголеми бегалски кампови, Затари.
Од Јордан, Бан Ки-мун ќе ја продолжи посетата на регионот, а неговата следна адреса ќе биде Тунис. Најавени се средби со тунискиот претседател Али Баџи ес-Сибри и други високи функционери на земјата. Бан би требало да се сретне и со семејствата на жртвите на настраданите во терористичките напади изведени од ДАЕШ во земјата.
Бан Ки-мун на 30-ти март е планирано да допатува во Женева каде се водат мировни преговори со цел сопирање на војната во Сирија. Тој ќе присуствува на собирот на кој ќе се говори на темата „Распределба на глобалната одговорност за сириските бегалци”.