Muhammed Emin Canik
19 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС
Бразил е втора земја во светот која е најмногу погодена од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Во последните 24 часа како последица на заразеност со коронавирусот во оваа земја животот го загубија 1.238 заразени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил информира дека заедно со 1.238 починати од коронавирусот во последното деноноќие, вкупниот број на смртни случаи во земјата од заразеност со коронавирусот се искачил на 47.748. Во последните 24 часа се детектирани 22.765 лица позитивни на вирусот, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 978.142.
Жариштето на пандемијата на новиот тип коронавирус во Бразил е државата Сао Паоло со популација од приближно 46 милиони жители. Во оваа бразилска федерална држава регистрирани се 11.846 смртни случаи како последица од заразеност со Ковид-19, а вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот изнесува 192.628.
По Сао Паоло, федералната држава Рио де Женеиро е второ најпогодено подрачје во Бразил со 8.412 смртни случаи и 87.317 позитивни на коронавирусот.
Според вкупниот број на смртни случаи и заразени од Ковид-19 во светот, Бразил ја надмина Велика Британија и се наоѓа на второ место, зад САД.
Бразил, со популација од 211 милиони жители се квалификува како епицентар на пандемијата на Ковид-19 во Латинска Америка.