Büşra Selvi Öğütcen
15 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
АНКАРА
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 1.054 лица во Индија, 381 во Бразил и 228 во Мексико, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последното деноноќие поради Ковид-19 починале уште 1.054 лица, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати од коронавирусот на 80.776.
Во последните 24 часа во Индија се детектирани 83.809 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот достигна 4.930.236.
Во Индија, која брои население од 1,3 милијарди, досега оздравеа 3.859.399 лица претходно заразени со Ковид-19.
Според податоците што ги објавува интернет-сајтот „Worldometer“, Индија е втора земја во светот според бројката на регистрирани случаи на коронавирусот.
- Бразил
Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа уште 381 лице починале како последица на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во земјата на 132.006.
Вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот изнесува 4.345.610, од кои 15.155 се новозаразени.
Во Бразил досега оздравеа 3.613.184 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа бројката на починати од коронавирусот изнесува 228, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 71.049.
Во истиот период во Мексико се регистрирани 3.335 нови случаи на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 671.716.
Досега во Мексико оздравеа 475.795 лица кај кои претходно е детектиран Ковид-19.