Gökhan Kavak
26 Март 2021•Ажурирај: 28 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на Глобалната програма за пристап до вакцини (Ковакс), дози од вакцините против новиот вид коронавирус (Ковид-19) се испратени во 44 земји во Африка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавта на профилот на Твитер на СЗО за регионот на Африка, се наведува дека досега 7,7 милиони дози вакцина пристигнале во местата со висок ризик.
„Во рамките на Ковакс, 44 африкански земји ги добија вакцините преку донации и билатерални договори“, се вели во соопштението.
СЗО исто така информираше дека 32 од вкупно 44 земји го започнале процесот на вакцинација.
Меѓу другото, во соопштението се потенцира на тешкотиите во снабдувањето со вакцини и се нагласува потребата од повеќе вакцини против Ковид-19 во Африка.
Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (Africa CDC) предупреди дека потешкотиите во снабдувањето со вакцини против Ковид-19 во различни делови на светот, особено во Европа, можат негативно да влијаат на снабдувањето во африканските земји.
На континентот, моментално се регистрирани 4.168.000 случаи на Ковид-19, додека бројот на смртни случаи од вирусот надмина 111.000.