Servet Günerigök
10 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Од Белата куќа соопштено е дека на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, не е му е направено испитување за коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Претседателот не е подложен на тест за Ковид-19 бидејќи немаше близок контакт со заразените лица, ниту имаше какви било симптоми“, наведе прес-секретарката на Белата куќа, Стефани Гришам.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс претходно изјави дека лично нему не му е направен тест за коронавирус, и дека не знае дали на таков тест е подложен и американскиот претседател Трамп.
Гришам рече дека здравствената состојба на Трамп е одлична и дека е под постојан надзор на лекари.
Трамп претходно се состана со тројца републикански парламентарци кои се во домашен карантин бидејќи на минатонеделната Конференција за конзервативни политики (CPAC) биле во контакт со лице позитивно на тестот за коронавирусот.
Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“, во САД со коронавирусот се заразени најмалку 730 лица, а од вирусот починаа 27 лица.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во Кина, а досега во над 100 земји заразени се над 113.000 лица.