Ali Cura
13 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
МОСКВА (АА) - Со новиот тип коронавирус во Русија се заразени 1.062.811 лица, а бројот на починати како последица на Ковид-19 е зголемен на 18.578, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Центарот за превенција и контрола на заразувањето со Ковид-19 во Русија се наведува дека во последните 24 часа заразата е потврдена кај 5.449 лица, со што вкупниот број на заразени е зголемен на 1.062.811 лица.
Во последните 24 часа потврдени се 94 смртни случаи, досега вкупно 18.578, додека бројот на оздравени се зголеми за 2.690 лица и изнесува 876.225.
Трендот за зголемување на бројот на новозаразени е задржан на 0,5 отсто, додека кај 25 отсто од нив не биле видливи симптомите на болеста.
Службата за заштита на јавното здравје и потрошувачките права соопшти дека во последните 24 часа, за присуство на Ковид-19 се извршени околу 355.000 тестирања, односно, вкупно повеќе од 40.600.000.
Првиот случај на Ковид-19 во Русија е потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај на 19 март.
Новата учебна година започна на 1 септември, а во училиштата е задолжително носењето маски и почитувањето на правилото за физичка дистанца.