Elena Teslova
18 Ноември 2020•Ажурирај: 18 Ноември 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија денес е регистриран рекорден број на починати од последиците на Ковид-19, додека дневниот број на оздравени пациенти е поголем од бројот на новозаразени, првпат во изминатите два месеци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последиците на Ковид-19 во изминатите 24 часа починаа уште 456 лица, со што бројот на досега починатите лица се зголеми на 34.387, покажуваат официјалните податоци.
Во меѓувреме, за првпат од 16 септември, бројот на оздравени во текот на денот го надмина бројот на новозаразени, со 25.179 пациенти отпуштени од болниците во однос на 20.985 новозаразени.
Повеќе од 1,99 милиони случаи на вирусот се регистрирани во Русија од почетокот на коронавирусот во земјата, а над 1,5 милиони досега оздравеа.
Бројот на активни случаи опаѓа втор ден по ред и моментално изнесува 456.528.
Русија е петта земја во светот најтешко погодена од коронавирусот, по САД, Индија, Бразил и Франција.