Ömer Tuğrul Çam,Ata Ufuk Şeker
18 Ноември 2020•Ажурирај: 19 Ноември 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) се обидува да ги надмине кризитe кои произлегоа првин од спречувањето на буџетот на ЕУ од страна на Унгарија и Полска, а потоа и по ветото на Бугарија против започнувањето на преговорите за членство на Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бугарија стави вето на започнувањето на преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија поради историските и културните несогласувања. Полска и Унгарија се против тоа што распределбата на фондовите на ЕУ е поврзана со принципот на владеењето на правото, со тоа што ја спречуваат програмата за спасување подготвена против економските последици на Ковид-19, како и буџетот во иднина на ЕУ од вкупно 1,8 билиони евра.
За двете прашања беше разговарано на состаноците на министрите задолжени за европските прашања на земјите членки на ЕУ, кои траеја 8 часа, но проблемот не беше решен.
Потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчович, по состанокот истакна дека сакаат да ги започнат преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија.
„Бугарија треба да ги зголеми напорите со цел решавање на прашањата кои ги истакна во врска со Северна Македонија и да се најде договор во врска со рамката на преговорите“, додаде тој.
Шефчович нагласи дека бараат веднаш да се одржи меѓувладината конференција со цел започнување на преговорите.
„Затоа Европската комисија ќе биде во близок контакт со претседавањето на Германија со цел поддржување на овие напори. На тој начин ќе се даде важен сигнал во регионот дека процесот за проширување продолжува и дава резултати“, рече Шефчович.
Германскиот државен министер задолжен за европски прашања, Мајкл Рот, рече дека е постигнат напредок во процесот за членство на Северна Македонија и Албанија, и дека е можно да има билатерални прашања како во случајот помеѓу Бугарија и Северна Македонија, но дека се обидуваат да го решаваат тие прашања.
Рот нагласи дека постојат проблеми за новиот закон за избори во врска со Албанија, како и за функционирањето на Уставниот суд.