Sümeyye Dilara Dinçer
30 Јуни 2021•Ажурирај: 01 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Во светот досега се аплицирани над 3,04 милијарди дози од вакцините против коронавирусот, покажаа денешните податоци од веб-сајтот за следење на вакцинацијата „Our World in Data“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кина е на прво место во светот со 1,23 милијарди дадени дози, а потоа следува Индија со 327,42 милиони.
Соединетите Американски Држави (САД) имаат администрирано 325,15 милиони дози, Бразил 98,83 милиони, Велика Британија 77,3 милиони, Германија 73,75 милиони, Франција 53,8 милиони, Италија 51,01 милиони дози вакцини против Ковид-19.
Турција е на 9. место со над 49,48 милиони употребени дози, по која следуваат Мексико, Индонезија и Шпанија.
Земја со најмногу употребени дози според бројот на населението се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со 153,67 дози на 100 жители.
По Обединетите Арапски Емирати, земји со најмногу дози администрирани на 100 лица, се Малта со 149,36 милиони дози, Сејшели 140,31, Сан Марино 130,92, Бахреин 124,38, Израел 124,19, Чиле 117,77, Велика Британија 113,87, Монголија 113,47, Исланд 114,54, Уругвај 111,78, Катар 107,91 и Унгарија со 101,86 дози.
Бројот на дози администрирани во 13 земји, вклучувајќи ги ОАЕ, го надмина нивното население.
Повеќето вакцини против Ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на дадени дози не е ист со бројот на целосно вакцинираните лица.
Според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, од декември 2019 година пандемијата зела над 3,93 милиони животи во 192 земји и региони во светот, а регистрирани се 181,48 милиони случаи на Ковид-19.
САД, Индија и Бразил и понатаму се најтешко погодените земји во светот во однос на бројот на заразени и смртни случаи.