Sümeyye Dilara Dinçer
17 Август 2021•Ажурирај: 18 Август 2021
АНКАРА (АА) - Во светот се аплицирани повеќе од 4,72 милијарди дози од вакцините против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени на страницата „Ourworldindata.org“ покажуваат дека во Кина се дадени повеќе од 1,86 милијарди дози вакцини, што е најмногу во светот.
Следуваат Индија (со повеќе од 554,73 милиони дози), САД (повеќе од 356,43 милиони), Бразил (повеќе од 164,64 милиони), Јапонија (повеќе од 109,91 милион), Германија (97,58 милиони), Велика Британија (87,88 милиони), Турција (85,07 милиони), Индонезија (81,61 милион) и Франција (79,84 милиони).
Турција е осма земја во светот со најмногу аплицирани дози, а податоците на Министерството за здравство покажуваат дека во земјата се дадени 85.072.656 дози.
Повеќето вакцини се даваат во две дози, а некои земји, како што е Турција, почнаа да даваат трети дози. Затоа, бројот на дози не одговара на бројот на вакцинирани лица.
Податоците објавени на „Worldometers“ покажуваат дека бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 208,7 милиони луѓе, додека повеќе од 4,38 милиони починаа како резултат на вирусот.