Sümeyye Dilara Dinçer
23 Јули 2021•Ажурирај: 24 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Бројот на аплицирани дози на вакцините против Ковид-19 во светот достигна над 3,79 милијарди, покажува статистиката на веб-страницата на Универзитетот „Оксфорд“ - ourworldindata.org, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кина, каде што епидемијата се појави за првпат кон крајот на 2019 година, е на првото место на светско ниво, со аплицирани над 1,51 милијарда дози од вакцините, по која следува Индија со речиси 423,4 милиони дози.
Во Соединетите Американски Држави (САД) дадени се над 339,7 милиони дози, по кои следува Бразил со над 130 милиони.
Кампањите за вакцинација во Германија (88,4 милиони), Велика Британија (83,2 милиони) и Јапонија (73,9 милиони), исто така продолжуваат со забрзано темпо.
Турција, каде што над 39,2 милиони луѓе имаат примено барем една доза од вакцините против Ковид-19, досега има администрирано над 64,8 милиони дози на вакцините, со што е на деветтото место во светот.
Бидејќи вакцините против Ковид-19 обично се даваат во две одделни дози по лице, бројот на администрирани вакцини не значи дека се вакцинирани ист број луѓе.