Nuri Aydın
09 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
АНКАРА
Во светот од новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега се излекувани повеќе од 330.000 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“ секојдневно ги ажурира информациите што земјите од светот ги објавуваат во врска со Ковид-19. Според овие податоци, во светот од новиот тип коронавирус се излекувале 330.203 лица.
Од пандемијата на Ковид-19 во Кина се излекувале 77.279 болни. Следуваат Шпанија со 48.021, Германија 46.300, Иран 29.812, Италија 26.491, САД 22.828 и Франција со 21.254 излекувани.
Новиот тип коронавирус, што за првпат се појави во кинескиот град Вухан, за кусо време се рашири во приближно 200 земји и региони од светот. Досега на тестовите за Ковид-19 позитивни биле 1.517.731 лице, а 88.450 ги загубија своите животи. Се очекува да бидат излекувани 1 милион 99 илјади и 78 лица што се лекуваат од инфицираност со новиот тип коронавирус.