АНКАРА
Откако во кинескиот град Вухан во декември минатата година се појави новиот тип коронавирус Ковид-19, вирусот се распространи низ целиот свет и досега се детектирани над 119.000 случаи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Постојано обновување на информациите за бројот на заболени и смртни случаи како последица од заразеност со вирусот Ковид-19 објавува интернет-страницата „Worldometer“. Според последните информации, во светот од новиот тип коронавирус се заразени 119.248 лица.
Оваа интернет-страница објави дека бројот на починати од Ковид-19 на светско ниво изнесува 4.300, и дека 66.581 лице се излекувале.

Во континенталниот дел на Кина од новиот тип коронавирус починаа 3.158 лица, во Специјалниот Административен Регион Хонгконг 3, Италија 631, Иран 291, Јужна Кореја 61, Шпанија 36, Франција 33, САД 31, Јапонија 19, Ирак 7, В. Британија 6, Холандија 4, Австралија и Шведска по 3, Германија и Сан Марино по 2, и по еден смртен случај во Канада, Либан, Панама, Мароко, Египет, Тајланд, Тајван, Филипини и Аргентина.
Во континенталниот дел на Кина вирусот Ковид-19 е забележан кај 80.784 лица, во САР Хонгконг кај 121, во САР Макао кај 10 и кај 48 лица во Тајван.
Листата на земји во светот по број на заразени од Ковид-19, според податоците објавени на „Worldometer“ изгледа вака:
Италија 10.149, Иран 8.042, Јужна Кореја 7.755, Франција 1.784, Шпанија 1.695, Германија 1.565, Јапонија 1.283, САД 1.010, Швајцарија 497, Норвешка 401, В. Британија 383, Холандија 382, Шведска 355, Белгија 267, Данска 262, Австрија 182, Сингапур 166, Малезија 129, Австралија 125, Бахреин 110, Канада 97, Грција 89, Исланд 81, Израел 76, ОАЕ 74, Ирак 71, Кувајт 69, Чешка 64, Сан Марино и Индија по 62, Египет и Тајланд по 59, Либан 52, Португалија 41, Финска 40, Виетнам 35, Бразил, Словенија и Ирска по 34, Филипини 33, Романија и Палестина по 29, Индонезија 27, Катар 24, Грузија 23, Полска 22, Алжир, Русија и Саудиска Арабија по 20, Аргентина и Пакистан по 19, Оман 18, Еквадор и Чиле по 17, Хрватска 15, Естонија, Коста Рика и Унгарија по 13, Азербејџан и Перу по 11, Албанија 10, Белорусија 9, Панама и Летонија по 8, Авганистан, Луксембург, С. Македонија, Мексико, БиХ, Словачка и Јужна Африка по 7, Тунис, Брунеј, Бугарија и Малдиви по 6, Доминиканска Република, Нов Зеланд, Француска Гвајана, Малта, Парагвај и Србија по 5, Сенегал 4, Мароко, Камбоџа, Литванија, Бангладеш, Колумбија, Мартиник и Молдавија по 3, Нигерија, Шри Ланка, Боливија, Буркина Фасо, Камерун, Каналски Острови, Фарски Острови, Свети Мартин и Кипар (грчки дел) по 2, и по 1 заразен во Андора, Ерменија, Јордан, Монако, Непал, Украина, Бутан, Демократска Република Конго, Гибралтар, Ватикан, Јамајка, Лихтенштајн, Монголија, Свети Бартоломеј, Турска Република Северен Кипар и Турција.