Barış Seçkin
11 Март 2020•Ажурирај: 12 Март 2020
РИМ (АА) - Во протестите, што започнаа како реакција против новововедените мерки за превенција од проширувањето на вирусот Ковид-19, воведени изминатиот викенд во италијанските затвори, и преминаа во бунт, досега животот го загубија 12 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во бунтовите што започнаа за време на викендот како реакција на воведените мерки за борба против новиот тип коронавирус во Италија, се зголемува бројот на жртви.
Според информациите објавени во италијанските медиуми, викендов во повеќе од 20 затвори во Италија започнаа протести поради преземените мерки против вирусот Ковид-19, што преминаа во бунтови. Во бунтовите што завршија по реакцијата на безбедносните сили, во затворот во Модена животот го загубија 9 затвореници.
Во затворот во Риети се пронајдени телата на тројца затвореници.
Во меѓувреме, за време на бунтовите, од затворот во Фоџа избегале 77 осуденици. Безбедносните сили успеале да фатат дел од бегалците, а се трага по околу 20 затвореници.