Nuri Aydın
30 Мај 2021•Ажурирај: 31 Мај 2021
АНКАРА
Во светот досега се дадени повеќе од 1,87 милијарди дози вакцини за да се имунизира населението против новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на страницата „Ourworldindata.org“, најмногу дози употребени се во Кина, каде што се примени 620.970.000 дози вакцини.
Следуваат Соединетите Американски Држави (САД) со 293.710.000 милиони дози, Индија 212.066.000 дози, Бразил со 66.930.00 дози, Велика Британија 63.960.000, Германија 49.255.000, Франција 35.630.000, Италија со 34.073.000, Мексико 29.861.000 и Турција со 28.811.000 дози.
На Сејшелите се дадени најмногу дози вакцини на 100 луѓе во однос на вкупната популација. Во таа земја, каде што бројот на искористени дози од вакцините го надмина бројот на жители, бројот на дози на секои 100 жители изнесува 136,74.
Следуваат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со 128,98, Сан Марино 125,16, Израел 122,22, Малта 116,01, Бахреин 99,02, Чиле 96,31, Велика Британија 94,22, Унгарија 89,64, Малдивите 87,45, САД 87,82 и Катар со 86,48.
Турција со повеќе од 28.811.000 дози е десеттата земја во светот според бројот на искористени вакцини, додека во државата се дадени 34,15 дози на секои 100 жители.
Првата доза од вакцината ја примија 16.504.021 лице, додека 12.307.324 лица се ревакцинирани.