Zylfije Adem Jakupi
23 Декември 2020•Ажурирај: 24 Декември 2020
ПРИШТИНА
Последните 24 часа во Косово се стестирани 1.066 лица, од кои 271 биле позитивни на коронавирус, а 12 лица ги загубија животите од последици на заразеност со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Националниот институт за јавно здравје на Косово, досега во оваа земја се тестирани 175.052 лица сомнителни на коронавирус, од кои 49.577 биле позитивни. Вкупниот број на смртни случаи во оваа земја предизвикани од заразеност со коронавирусот изнесува 1.284.
Во последните 24 часа оздравеа 417 заразени. Вкупниот број на оздравени од почетокот на пандемијата изнесува 37.572.
Во моментов во Косово се активни 10.721 случаи на Ковид-19.