Emre Aytekin
01 Јуни 2021•Ажурирај: 02 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Во светот до денес се аплицирани повеќе од 1,94 милијарди дози вакцини за да се обезбеди имунитет против коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на страницата „Ourworldindata.org“, најмногу дози се употребени во Кина, каде што се примени 661.470.000 дози.
Следуваат Соединетите Американски Држави (САД) со 294.930.000 милиони дози, Индија 215.818.000 дози, Бразил 67.480.00 дози, Велика Британија 64.920.000, Германија 49.940.000, Франција 36.220.000, Италија 34.950.000, Мексико 30.480.000, Турција 29.184.000, Русија 28.500.000, Индонезија 27.050.000, Шпанија 26.830, Канада 23.860.000 и Полска со 20.080.000 дози.
На Сејшелите се дадени најмногу дози вакцини на 100 лица во однос на вкупната популација. Во таа земја, каде што бројот на искористени дози вакцини го надмина бројот на жители, бројот на дози на секои 100 луѓе изнесува 136,74.
Следуваат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) со 130,13, Сан Марино 125,31, Израел 122,27, Малта 116,79, Бахреин 101,83, Чиле 96,64, Монголија 96,54, Велика Британија 95,63, Унгарија 91,43, Катар 88,34, САД 88,19, Малдиви 88,12, Уругвај 81,13, Монако 76,52 и Исланд со 73,2.
Турција со повеќе од 29.184.107 дози е десетта во светот според бројот на искористени вакцини, а во таа држава се дадени 34,59 дози на секои 100 луѓе.
Прва доза од вакцината примиле 16.634.979 лица, додека 12.549.128 лица се ревакцинирани.
Сите вакцини против Ковид-19, освен една, кои добија дозвола за употреба, се даваат во две дози. Според тоа, бројот на употребени дози на вакцини не значи дека истиот број на лица е и вакциниран.