Ekipa
01 Јуни 2021•Ажурирај: 02 Јуни 2021
ТРИПОЛИ (АА) - Либиските приходи од нафтата во април паднаа за 36 отсто на месечна основа поради падот на производството, наведоа од Националната корпорација за нафта (NOC), јавува Агенција Анадолија (АА).
„Продажбата на „сурова нафта, гас, кондензат, нафтени деривати и петрохемикалија“, падна на 1,311 милијарди долари во април од 2,052 милијарди долари претходниот месец“, се додава во соопштението.
Националната корпорација за нафта (NOC) наведе дека приходите од сурова нафта изнесувале 1,246 милијарди долари, 53,9 милиони долари доаѓаат од приходите од гас и кондензат, а дека од продажбата на петрохемикалии доаѓаат 10,2 милиони долари.
Либија, членка на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), во април оствари просечно дневно производство од 1,12 милиони барели, според податоците на ОПЕК, што е остар пад од 1,28 милиони барели во март.
Тогашниот челник на Националната корпорација за нафта (NOC), Мустафа Санала, изјави дека порастот на долговите поради намалувањето на буџетските издвојувања за јавните нафтени компании во Либија, предизвикал пад на производството на нафта.