Fahri Aksüt
14 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
АНКАРА (АА) - Најмалку 386 нови случаи на коронавирусот се детектирани во Сингапур во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот број на потврдени случаи порасна на 2.918, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Чајнал њуз Азиа“ (Channel News Asia) објави дека во текот на изминатите 24 часа регистриран е еден смртен случај, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 во Сингапур порасна на 9 лица.
Според јавувањата на медиуите, 222 од последните откриени случаи на вирусот потекнуваат од објектите за колективно живеење каде што странските работници живеат и спијат во заеднички простории, поради што социјалното дистанцирање е невозможно.
Досега се регистрирани 586 случаи на коронавирусот кај лицата што живеат во овие колективни објекти.
На 6 април, два региони каде што живееја речиси 20.000 странски работници, беа ставени под карантин 14 дена.
- Ситуацијата во светот -
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан, минатиот декември, вирусот, официјално познат како Ковид-19, се прошири во околу 200 земји и региони низ целиот свет, а неговиот епицентар се префрли во Европа, додека Кина во голема мерка излезе од кризата.
„Со вирусот досега се заразени над 1,91 милион луѓе во светот, додека најмалку 119.000 починаа, а над 448.000 се излекуваа од болеста“, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.
И покрај зголемениот број случаи, повеќето луѓе кои се заразуваат со вирусот страдаат само од благи симптоми, а потоа закрепнуваат.