Zehra Ulucak
14 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
АНКАРА (АА) - Во Кина, каде што за првпат беше откриен новиот вид коронавирус, Ковид-19, во последните 24 часа откриени се 89 нови случаи, а не се регистрирани починати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинеската Национална здравствена комисија соопшти дека во Кина се регистрирани 89 нови случаи на Ковид-19, од кои 86 се лица кои допатувале од странство, а 3, домашни случаи на вирусот.
Со тоа, бројот на дијагностицирани со Ковид-19 во Кина се зголеми на 82.249.
„Во земјава, во последните 24 часа не е евидентиран смртен случај од коронавирусот“, се потенцира во изјавата и се додава дека 75 лица се излекувани и отпуштени од болница.
Исто така се наведува дека 1.674 лица кои имале близок контакт со заразени пациенти се пуштени од карантин.
Во Кина, до денеска од Ковид-19 починаа вкупно 3.341 лице, а се излекуваа 77.738 пациенти позитивни на вирусот.