Yusuf Özcan
06 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
ПАРИЗ (АА) - Во изминатите 24 часа во Франција, како последица на вирусот Ковид-19, починаа 278 лица, со што бројот на смртни случаи во земјата се искачи на 25.809, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од француското Министерство за здравство се истакнува дека бројот на позитивни на Ковид-19 во последните 24 часа е зголемен за 4.039, и изнесува 208.698.
Моментално во француските болници се хоспитализирани 23.983 заболени, меѓу нив 3.147 пациенти се наоѓаат на одделите за интензивна нега. Во Франција веќе 28 дена по ред се намалува бројот на пациенти на интензивна нега.
Од почетокот на епидемијата, во земјата од Ковид-19 се излекуваа 53.972 лица, вклучувајќи и 1.299 излекувани во текот на последното деноноќие.
Како последица од Ковид-19, во Франција починаа вкупно 25.809 лица, од нив 16.237 починаа во болница, додека во старечките домови починаа 9.572 лица.
- Мерките за Ковид-19 ќе бидат ублажува -
Франција одлучи од 11 мај постепено да ги ублажува рестриктивните мерки против Ковид-19.
Ограничувањето на слободното движење ќе биде укинато на 11 мај, додека градинките, основните и средните училишта ќе се отвораат постепено.
Во една училница ќе биде дозволено да има максимум 15 ученици, а употребата на заштитни маски ќе биде задолжителна, а исто така ќе се внимава и на хигиената.
На 11-ти мај, освен кафулињата и рестораните, ќе се отворат работните места, продавниците, малите музеи и библиотеките. Во јавниот превоз и во такси возилата ќе биде задолжително носењето маски. Патувањата над 100 километри ќе бидат дозволени само доколку се неопходни.