Yusuf Özcan
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 30.172 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Институтот за јавно здравје на Франција во последните 24 часа потврдени се 998 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 209.910.
Исто така, во последното деноноќие починаа уште 7 лица, со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 30.172.
Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 6.366 лица, од кои 445 се наоѓаат на интензивна нега.
Министерот за здравство на Франција, Оливиер Веран, во изјавата дадена за телевизијата „France 2“ рече дека на 7 милиони лица кои се тешка економска состојба ќе им бидат доделени 40 милиони маски.