Yusuf Özcan
26 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
ПАРИЗ
Од последици на заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во Франција досега починаа 28.530 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за јавно здравје на Франција соопшти дека вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 219.957, од кои 520 во последните 24 часа.
Како последица на заразенсот со Ковид-19, на интензивна нега се наоѓаат 1.555 лица, а 16.264 лица се лекуваат во болници. Веќе 48 дена постои тенденција на опаѓање на бројот пациенти во одделенијата за интензивна нега.
Досега оздравеа 65.879 лица, од кои 718 во последните 24 часа.
Поради пандемијата на Ковид-19 во последните 24 часа животот го загубија 83 лица. Вкупниот број на смртни случаи во Франција, надополнет со починатите во домовите за старци изнесува 28.530 лица.