Şenhan Bolelli
16 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
МАДРИД (АА) – Во Шпанија, во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 102 лица, со што вкупниот број на починати достигна 27.563, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија ги ажурираше бројките на починати и заразени со Ковид-19.
Вчера во земјата беа регистрирани 138 смртни случаи од коронавирусот, а денес бројот на смртни случаи е намален на 102. Тоа е најмалата бројка на регистрирани смртни случаи од 16 март.
Според податоците на Министерството, вкупната бројка на починати од Ковид-19 во земјата достигна 27.563.
Фернандо Симон, кој се наоѓа на чело на Центарот за координација за итни здравствени услуги при шпанското Министерство за здравство, осврнувајќи се на последните податоци за коронавирусот во земјата, рече: „По многу долго време, тоа се најниските бројки. И покрај тоа што бројките се големи и е тажно, тоа е позитивно за еволуцијата на епидемијата.“
Според изработените PCR-тестови, во последните 24 часа во Шпанија се регистрирани 539 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 230.698.
Од почетокот на епидемијата во оваа земја се направени вкупно 1.919.411 тестови за коронавирусот.
Од друга страна, бројот на лица што оздравеле, а претходно биле позитивни на тестот за Ковид-19, во земјата се искачи на 146.446.
Во меѓувреме, кога ќе се погледне општата статистика во Шпанија, може да се увиди дека 95 проценти од оние што починале од Ковид-19 се над 60-годишна возраст.