Şenhan Bolelli
20 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
МАДРИД (АА) – Во Шпанија, во последните 24 часа како последица на Ковид-19 починаа 95 лица, со што вкупниот број на починати достигна 27.888, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија ги ажурираше податоците за починати и заразени со вирусот Ковид-19.
Вчера во земјата беа регистрирани 83 смртни случаи од коронавирусот, а денес бројот на смртни случаи е зголемен на 95. Четири дена по ред бројката на смртни случаи во земјата е под 100.
Според податоците на Министерството, вкупната бројка на починати од Ковид-19 во земјата достигна 27.888.
Исто така, според изработените PCR-тестови, во последните 24 часа во Шпанија се регистрирани 416 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 232.555.
Исто така беше информирано дека од новозаразените 31 лица се префрлени на интензивна нега, а 214 се хоспитализирани.
Владата на левата коалиција во Шпанија достави Нацрт-закон до Собранието во кој се бара Парламентот да ја продолжи вонредната состојба до 7 јуни, која инаку завршува на 24 мај. Вонредната состојба во земјата беше прогласена на 24 март.