Şenhan Bolelli
07 Мај 2020•Ажурирај: 08 Мај 2020
МАДРИД
Во Шпанија, во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 213 лица, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 26.070, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството за здравство на Шпанија е соопштено дека во истиот период е потврдено заразување кај 754 лица, и дека вкупниот број на заразени достигнал 221.447.
Во болниците во Шпанија се излекувани уште 2.509 пациенти кај кои е дијагностициран Ковид-19, со што вкупниот број на излекувани е зголемен на 128.511.
Бројот на заразени во престолнината на Шпанија во изминатите 24 часа се зголеми на 41.159, додека бројот на починати во истиот период достигна 8.504.
Шпанските власти започнаа постепена нормализација од 4 мај, кога повторно беа отворени голем број продавници и стоматолошки ординации, фризерски салони и продавници за техничка опрема.
И покрај ублажувањето на мерките, и понатаму на сила остануваат обврзувачките превентивни мерки на физичко дистанцирање и носење на заштитни маски во јавниот превоз.
Во првата фаза на ублажување на мерките, од 11 мај се очекува отворање на продавниците, терасите на кафулињата и рестораните, како и на библиотеките, чија услуга ќе биде ограничена.
Вонредната состојба која требаше да трае до 9 мај, со гласање во Парламентот е продолжена на уште две недели.