Ahmet Furkan Mercan
30 Ноември 2021•Ажурирај: 01 Декември 2021
ТОКИО
Во Јапонија е откриена варијантата Омикрон на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите засновани на владини извори, ПЦР-тестот што го направил 30-годишен намибиски дипломат кој пристигнал на аеродромот „Нарита“ во Токио бил позитивен.
Се наведено дека дипломатот од Намибија бил заразен со Омикрон варијантата на вирусот.
Новинската агенција „Кјодо“ и јавниот радиодифузен сервис „НХК“ соопштија дека ова е прв регистриран случај на варијантата Омикрон во Јапонија.
Претставници на власта информираа дека ќе се спроведат сите потребни процедури за карантин на дипломатот.
„Доживуваме ‘силно чувство на криза’ во однос на варијантата Омикрон. Ќе продолжиме да ги прошируваме граничните мерки бидејќи може да има глобално проширување“, изјави јапонскиот премиер Фумио Кишида.
Во текот на викендот, владата ги додаде Мозамбик, Малави, Боцвана, Есватини, Лесото, Намибија, Јужноафриканска Република, Зимбабве и Замбија на својата листа на „земји за кои треба да се применуваат построги мерки“.
Во Јапонија бројот на заболени од Ковид-19 се зголеми на 1.727.586, од кои животот го загубија 18.371 заразени. Во Јапонија активни се 856 случаи на зараза со Ковид-19, од кои 43 пациенти се лекуваат на одделенијата за интензивна нега.