?????
28 Јануари 2016•Ажурирај: 29 Јануари 2016
СЕУЛ (АА) - Властите на Јужна Кореја тврдат дека се во состојба на готовност бидејќи имаат сознанија дека Северна Кореја во една од своите бази подготвува ново ненадејно лансирање на проектили со голем дострел, јавува Anadolu Agency (AA).
„Веројатно, Северна Кореја тоа ќе го стори неочекувано”, изјави портпаролот на јужнокорејското министерство за одбрана Ким Мин-сеок и додаде дека официјален Пјонгјанг треба да прогласи зона за забрана на едрење на подрачјето на лансирање.
Без оглед на обврската за прогласување на забрана за едрење, од меѓународната заедница таквото тестирање на проектили со голем дострел би било сфатено како нова провокација од страна на изолораниот севернокорејски режим.
Северна Кореја е веќе под санкции на Обединетите нации поради развој на проектили со голем дострел, кои може да бидат искористени за развивање на нуклеарно оружје. Советот за безбедност на ОН веќе расправа за нови мерки по неодамнешните тврдења дека Пјонгјанг тестирал хидрогенска бомба, со многу поразорна моќ од класичната нуклеарка.
Повикувајќи се на владини извори и сателитски снимки, јапонската новинска агенција "Kyodo" утринава објави дека Северна Кореја новото тестирање на ракетните проектили би можела да го изведе следната недела од базата Донгчанг-ри.
Повторувањето на лансирање сателитски проектил, по примерот на наводното лансирање од 2012 година, би значело дека територијата на САД ќе е во досег на севернокорејската војска.
Паралелно со тоа, американскиот државен секретар вчера престојуваше во официјална посета на Кина и со официјалните лица од Пекинг разговараше за можните санкции поради неодамнешното тестирање на хидрогенска бомба во Северна Кореја.