Talha Yavuz
23 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
КИЕВ (АА) - Во џамијата „Ар-Рахма“ во Киев, главниот град на Украина, отворен е центар за вакцинација против Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
На отворањето присуствуваа заменик-министерот за здравство на Украина, Александр Комарида, имамот на џамијата Хасан Ахатов и многу посетители.
Во центарот, што ќе работи секој ден од 9:00 до 16:00 часот, ќе може да се вакцинираат лица над 18 години.
Во изјава за Агенција Анадолија (AA), Ахатов рече дека исламската религија заповедува да се заштити животот.
Потсетувајќи дека Куранот советува да не се наштетува на здравјето, Ахатов рече дека поради оваа причина против пандемијата се борат со делење маски, тестови и ракавици заедно со Министерството за здравство.
- Бројот на целосно вакцинирани надмина 10 милиони
Во Украина, масовната вакцинација започна на 24 февруари. Во последните 24 часа вакцинирани се повеќе од 270.000 луѓе.
Во земјата со една доза вакцинирани се 12.914.333 лица, а со две дози 10.025.360 лица.
Во последните 24 часа регистрирани се 12.729 случаи, а од Ковид-19 животот го загубија 720 лица.