Cüneyt Karadağ
21 Септември 2020•Ажурирај: 22 Септември 2020
БЕРЛИН (АА) - Поради зголемените случаи на Ковид-19 во Минхен, Германија, носењето маски на јавни места ќе биде задолжително, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На состанокот на градската администрација во Минхен, донесена е одлука повторно да се применуваат некои ограничувања во јавниот и приватниот живот поради зголемените случаи на коронавирусот.
Градоначалникот на Општината Минхен, Дитер Рајтер, истакна дека од четврток, 24 септември, ќе биде задолжително носењето маски на отворени простори во центарот на градот, како дел од ограничувањата што ќе се применуваат поради зголемените случаи со Ковид-19.
Рајтер, исто така, изјави дека надвор може да се соберат најмногу пет лица.
Во Минхен во последните неколку недели, кај 56 на секои 100 илјади луѓе е регистриран Ковид-19.