Admir Fazlagikj
01 Февруари 2016•Ажурирај: 02 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Михаел Рот, Државниот министер надлежен за Европа, при Министерството за надворешни работи на Германија, од 1-ви до 2-ри февруари ќе престојува во посета на Македонија, соопшти амбасадата на Германија во Скопје, јавува Anadolu Agency.
Според соопштението, тој, на лице место, ќе се информира за внатрешно-политичката состојба, како и за проблематиката поврзана со бегалската криза.
„Предвидени се разговори со претставници од Владата и опозицијата, граѓанското општество и невладините организации кои се активни во областа на човековите права, поддршката за бегалците, ромската популација и ЛГБТИ-заедницата во Македонија ”, информираат од амбасадата.
Покрај тоа, дел од програмата на Државниот министер е и јавната дебата со студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.