Erbil Başay
02 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
БЕРЛИН (АА) - Во Германија во последните 24 часа починаа 487 лица како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што е регистриран рекорд во бројот на дневно починати од овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Институтот „Роберт Кох“, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 17.270 нови случаи на коронавирусот. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Германија порасна на 1.084.743.
Исто така, во последните 24 часа починаа 487 лица како последица на Ковид-19, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 17.123.
Во Германија од Ковид-19 оздравеа 779.500 лица.