Cüneyt Karadağ
19 Април 2021•Ажурирај: 20 Април 2021
БЕРЛИН (АА) - Во Германија од последици предизвикани од коронавирусот досега починаа 80.000 луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Институтот „Роберт Кох“ се наведува дека во последните 24 часа Ковид-19 е потврден кај 11.437 лица. Со тоа вкупниот број на заразени е зголемен на 3.153.699.
Од последици на вирусот починаа уште 92 лица, со што вкупно досега во земјата починаа 80.006 луѓе.
На одделите за интензивна нега сместени се 4.842 пациенти, од кои 2.723 се на респиратор.