Büşra Selvi Öğütcen,Muhammed Emin Canik
23 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА (АА) – Како последица на новиот вид коронавирус, Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 654 лица, во Мексико 759, а во Индија 312 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа во земјата регистрирани се 21.432 случаја со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи се зголеми на 1.106.470.
Вкупниот број на починати се искачи на 51.217, со зголемување од 654 во последното деноноќие.
Жариштето на Ковид-19 во Бразил е Саo Пауло, кој има 46 милиони жители и е центар на трговијата во земјата.
Во Сао Пауло со Ковид-19 се заразени 219.185 лица, од кои 12.588 лица ја изгубиле борбата со вирусот.
По Сао Пауло, најмногу случаи се забележани во Рио де Жанеиро, каде што се заразени 96.133 лица, од кои 8.875 починале.
Бразил, кој воедно е и епицентар на заразата во Латинска Америка, стана втора земја во светот по бројот на заразени и починати од Ковид-19, по САД.
- Во Мексико од Ковид-19 во последните 24 часа починаа 759 лица -
Во Мексико во последното деноноќие регистрирани се 759 нови смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупниот број на починати изнесува 22.584.
Според Министерството за здравство на Мексико, бројот на случаи со Ковид-19 во земјата се искачил на 185.122, со зголемување од 4.579 во последните 24 часа.
Бројот на излекувани пациенти во земјата достигна 140.118.
Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е регистриран на 28 февруари, а првиот смртен случај од Ковид-19, на 19 март.
- Во Индија од коронавирусот во последните 24 часа починаа 312 лица -
Во Индија во последните 24 часа потврдени се 14.933 случаи на Ковид-19, а починаа 312 лица.
Според вестите на „Хиндустан тајмс“ (Hindustan Times), Министерството за здравство на Индија соопштило дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани нови 14.933 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени со вирусот се зголеми на 440.215.
Од Министерството информираат дека од Ковид-19 во изминатите 24 часа починале 312 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 14.011.
Бројот на излекувани од Ковид-19 во земјата се искачи на 248.189, со пораст од 10.993 во последните 24 часа.
Според веб-страницата „Worldometer“, која ги прикажува податоците за Ковид-19 од земјите во светот, Индија е на четврто место со најголем број евидентирани случаи на Ковид-19.