Ekipa
01 Февруари 2022•Ажурирај: 02 Февруари 2022
АТИНА (АА) - Грчкиот министер за здравство, Танос Плеврис, денес изјави дека здравствените работници кои нема целосно да се вакцинираат против Ковид-19 до 31 март ќе бидат отпуштени од страна на Националниот здравствен систем (ESY), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи за Скаи ТВ, Плеврис исто така појасни дека до тој датум ќе има општа мерка за тоа дали за здравствениот персонал ќе треба задолжителна вакцинација секоја година по пандемијата.
Плеврис додаде дека Грција од 7 февруари ќе бара бустер дозата да влезе во рамките за целосна вакцинација.
Здравствените работници протестираа против задолжителната вакцинација одржувајќи демонстрации во главниот град Атина, додека минатиот декември, медицинските сестри и доктори беа предупредени со тримесечен рок за да го сменат мислењето.
За ублажувањето на мерките кое стапи на сила од денес, Плевис рече дека тоа било одлучено по препораките на Комисијата на експерти, откако дневните бројки на заразени се намалија.
Бројот на случаи на коронавирусот во Грција се намалија во изминатите неколку дена, со 11.124 новозаразени и 97 смртни случаи регистрирани вчера.
Вкупниот број на заразени во земјата достигна 1.920.992, а билансот на починати е 23.372.