Betül Yürük
21 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
ЊУЈОРК
Додека во тек се повеќе од 100 истражувања за откривање на вакцина против новиот тип на коронавирус (Ковид-19), во списанието „Science“ објавено е истражувањето на Медицинскиот центар „Бет Израел Диконес“, со седиште во Бостон, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во проектот во кој вирологот Ден Баруш и неговата екипа го следеле влијанието на коронавирусот над мајмуните, со цел имунолошкиот систем на мајмуните да го препознае вирусот, во организмот им се инјектирани ДНК-парчиња кои од страна на клетките вирусот го претвораат во вирален протеин. На овој начин тестирани се шест варијации.
По експериментот некои вакцини создале делумна заштита, додека една од нив, „обучувајќи“ го имунолошкиот систем, ги нападнала сите протеини на коронавирусот. Како резултат на тоа, кај осумте мајмуни кај кои е тестирана вакцината не е откриен вирусот.