Gamze Türkoğlu Oğuz
30 Мај 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во Индија во последните 24 часа регистрирани се 7.964 нови случаи со коронавирусот, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека во последните 24 часа, еден ден пред крајот на двомесечниот полициски час биле регистрирани 7.964 нови случаи на Ковид-19, додека од коронавирусот починале 265 лица.
Во Индија, бројот на случаи со Ковид-19 се зголеми на 173.763, а вкупниот број на смртни случаи на 4.971.
Наведено е дека повеќе од 70 проценти од случаите се евидентирани во сојузните држави Махарашатра, Гуџарат, Тамил Наду, Мадхја, Прадеш и Раџастан.
Индискиот премиер, Нарендра Моди, во отвореното писмо до јавноста по повод првата година од вториот мандат на Владата, истакна дека земјата е на пат да го победи коронавирусот.
Моди, истакнувајќи дека Индија ќе претставува пример за „економско закрепнување“, од нацијата побара да се однесува одлучно.
Премиерот на Индија исто така рече дека ја разбира големата болка на милионите работници мигранти, кои ги загубија своите работни места за време на полицискиот час во земјата.
Во Индија се очекува федералната Влада да објави нови упатства за епидемијата на Ковид-19, со што ќе се пролонгира полицискиот час во најпогодените области.