Ekip
02 Јули 2021•Ажурирај: 07 Јули 2021
ЊУ ДЕЛХИ
Бројот на смртни случаи во Индија од пандемијата на коронавирусот надмина 400.000, според бројките на Министерството за здравство објавени денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството соопшти дека се регистрирани 853 нови смртни случаи поврзани со коронавирусот, со што билансот на жртвите ја достигна бројката 400.312.
Исто така, пријавени се 46.617 нови случаи, а вкупниот број на заразени во земјата изнесува 30,4 милиони.
Здравствените власти на земјата синоќа соопштија дека речиси 340 милиони дози од вакцината против Ковид-19 се дадени во Индија.
По вториот смртоносен бран на пандемијата во мај, Индија сега бележи пад на случаите.
Индија е втора земја во светот со највисок број на случаи на заразување по САД, а трета по САД и Бразил според бројот на смртни случаи.