Ahmet Dursun
14 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Во Иран, во изминатите 24 часа од новиот вид коронавирус, Ковид-19, починаа 98 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се зголеми на 4.683, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Преку иранската државна телевизија, портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, потврди дека во последните 24 часа низ целата земја од Ковид-19 починале 98 лица, а бројот на новозаразени е 1.574.
Истакнувајќи дека вкупниот број на смртни случаи се зголемил на 4.683, портпаролот Џиханпур рече дека вкупната бројка на заразени во земјата е зголемена на 74.877.
Портпаролот Џиханпур, исто така, истакна дека 3.691 пациент заразени со коронавирусот се во тешка состојба.
Истакнувајќи дека за едно деноноќие се излекувани 2.146 пациенти, портпаролот на Министерството рече дека досега во земјата се излекувани вкупно 48.129 лица.
Џиханпур додаде дека бројот на спроведени тестови за Ковид-19 низ целата земја е зголемен на 287.359.
- Дневниот број на смртни случаи за првпат намален под 100 -
Во Иран, по 31 ден, за првпат бројот на регистрирани смртни случаи е под 100. За последен пат помалку од 100 смртни случаи беа евидентирани на 14 март, кога 97 лица починаа поради Ковид-19.
Исто така забележан е и најмал пораст на случаите со Ковид-19 во последните 22 дена.