Barış Seçkin
04 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
РИМ (АА) - Во Италија во последните 24 часа починаа уште 681 лице поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица се искачи на 15.362 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на Цивилната заштита, Анџело Борели, на прес-конференција во Рим ги сподели последните податоци во врска со Ковид-19.
Борели рече дека во земјата моментално се наоѓаат 88.274 заразени со коронавирус, додека вкупниот број на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица, изнесува 124.632 лица.
Тој нагласи дека се излекувани нови 1.238 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 20.996 лица.
Според него, во последните часа починале уште 681 лице, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 15.362 лице.
Борели рече дека бројот на лица кои се наоѓаат во интензивна нега изнесува 3.974 лица, како и дека денес биле откриени 2.886 нови случаи со Ковид-19.
Во Италија досега за 657.224 лица биле извршени тестирања за Ковид-19.
Бројот на починати лекари поради Ковид-19 се искачи на 80, додека бројот на заразени здравствени работници со овој вирус надмина 11.000 лица.