Barış Seçkin
18 Јуни 2020•Ажурирај: 19 Јуни 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 66 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 34.514, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 23.101 активен случај на коронавирус.
Во последните 24 часа откриени се уште 333 случаи со Ковид-19, со што вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 238.159.
Излекувани се уште 1.089 лица од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 180.544 лицa.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 66 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 34.514 лица.
Според соопштеното, 168 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 4.831.562 тестирања за Ковид-19.