Barış Seçkin
21 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
РИМ (АА) - Премиерот на Италија, Џузепе Конте, даде сигнал дека рестриктивните мерки што важат од 10 март низ целата земја поради Ковид-19, ќе бидат ублажени од 4 мај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Конте, во објавата на својот профил на Фејсбук, напиша дека Владата заедно со експертите продолжува да работи деноноќно за втората фаза „од периодот со вирусот“. „Се надевам дека до крајот на неделата ќе ја објавам деталната програма за втората фаза. Новиот план ќе го спроведеме од 4 мај“, посочи Конте.
Наведувајќи дека граѓаните се во депресија од сегашните строги мерки, Конте рече дека сака да ги ублажи или целосно да ги отстрани.
Премиерот, осврнувајќи се на барањата на деловниот свет за „придвижување на тркалото на економијата“, нагласи:
„И мене би ми било добро да речам утре наутро отвораме сè. Но, оваа Влада секогаш на прво место го става здравјето на својот граѓанин. И покрај тоа, ние не сме нечувствителни за заштита на ефикасноста на системот за производство. Во оваа фаза, ваквата одлука за отворање би била неодговорна. Општо отворање може да доведе до неконтролирано покачување на кривата на зараза и сите напори што ги направивме досега би биле залудни.“
Во Италија, првиот случај со Ковид-19 е откриен на 21 февруари. Досега од коронавирусот починаа 24.114 лица, а заразени се вкупно 181.228 лица.