Nuri Aydın
01 Мај 2020•Ажурирај: 02 Мај 2020
АНКАРА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19), кој за првпат се појави во кинескиот град Вухан, во светски рамки е детектиран кај повеќе од 3,3 милиони лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“ постојано објавува ажурирани информации поврзани со новите случаи на Ковид-19 во земјите низ светот. Според последните објавени податоци, во светот 3.308.678 лица биле позитивни на тестот на новиот тип коронавирус.
Најголем број случаи на заразеност со Ковид-19 се забележани во САД - 1.095.210 лица биле позитивни на тестот на коронавирусот. Следуваат Шпанија со 239.639, Италија 205.463, Велика Британија 171.253, Франција 167.178, Германија 163.009, Турција 120.204, Русија 106.498 и Иран, 94.640.
Во Кина каде што пандемијата за првпат е забележана, бројот на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 82.874.
Листата на земји од светот во кои бројот на лица позитивни на тестот на новиот тип коронавирус е над 10.000, изгледа вака:
Бразил 85.380, Канада 53.021, Белгија 48.519, Холандија 39.316, Перу 36.976, Индија 34.862, Швајцарија 29.586, Португалија 25.045, Еквадор 24.934, Саудиска Арабија 22.753, Шведска 21.092, Ирска 20.612, Мексико 17.799, Пакистан 16.473, Сингапур 16.169, Чиле 16.023, Израел 15.946, Австрија 15.452, Белорусија 14.027, Јапонија 14.677, Катар 13.409, Полска 12.877, ОАЕ 12.481, Романија 12.240, Јужна Кореја 10.765, Украина 10.406 и Индонезија, 10.118.
Новиот тип коронавирус за првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, по што се рашири во повеќе од 200 земји и региони во светот.
Како последица од заразеност со Ковид-19 во светот, животот го загубија 234.123 лица, додека 1.037.936 оздравеле. Во светски рамки има 2.031.564 активни случаи на лица кои се лекуваат од новиот тип коронавирус.